Младите и цигарите: Дали треба на помладите од 21 година да им се забрани да купуваат цигари?

од Stefanija Kuzmanovska

Старосната граница за купување цигари во Велика Британија можеби ќе биде поместена од 18 на 21 година, објавува Би-би-си.

Оваа идеја беше презентирана уште минатата година од страна на британската парламентарна група за борба против пушењето и докторот кој е застапник на идејатата, пулмологот Никола Хопкинсон од колеџот „Империал“ во Лондон.

Хопкинсон смета дека е важно да им се помогне на пушачите да се изборат со зависност, но е уште поважно да се спречи младите воопшто да започнат да пушат.

Во прилог на неговото тврдење е успешната одлука од 2007 година, кога границата беше поместена од 16 на 18 години.

Оттогаш е драстично опаднат процентот на млади пушачи на возраст меѓу 16 и 24 години, покажуваат податоците на британскиот Завод за статистика.

Што стои зад намалениот број пушачи?

Се разбира, не може да се тврди со сигурност дека за намалениот број пушачи е заслужно само поместувањето на старосната граница.

Во последните 12 години се донесени многу нови закони против пушењето: забрана за пушење на јавно место, ограничување на рекламирањето на цигари во продавниците, воведување слики на кутиите за цигари кои предупредуваат колку се штетни.

Постои уште еден фактор, а тоа е зголемената употреба на електронските цигари.

Податоците на Заводот за статистика покажуваат дека третина од поранешните пушачи користеле или сега користат електронски цигари.

Сепак, британските министри велат дека засега не постои план да се промени старосната граница.

Слични содржини