Младите на Австрија: Ако Украина, Албанија и Косово влезат во ЕУ, ние треба да излеземе

од Stefanija Kuzmanovska

Со прашањето  „Ако Украина, Албанија и Косово влезат, тогаш ние да излеземе?“ на Фејсбук профилот, младината на Австриската партија на слободата (ФПО) ги продолжи дискусиите за повлекувањето на Австрија од ЕУ.

Младината на тој начин реагираше на препораката на Европската комисија за доделување кандидатски статус на Украина и Молдавија.

Истото мислење очигледно го дели и пратеникот на ФПО во Европскиот парламент, Харалд Вилимски, кој стави „лајк“ на објавата.

Слични содржини