МЛАДИТЕ НАЈМНОГУ НА УДАР: Скоро 6 милиони луѓе во ЕУ останале без работа поради короната

од Stefanija Kuzmanovska

Кризата со коронавирусот има неверојатно влијание врз економијата на Европската унија, како и врз пазарот на трудот и општеството во целина, се вели во студијата на Европската фондација за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound-Eurofound).

Според резултатите од истражувањето на оваа агенција, со седиште во Даблин, до пролетта 2020 година, во ЕУ биле вработени 5,7 милиони луѓе помалку отколку на крајот на 2019 година, додека стапката на невработеност во 27-члениот блок се зголемила од 6,6 до 6, 7 отсто во истиот период.

За време на 12 месеци до почетокот на пролетта 2020 година, вработувањето во ЕУ опадна за 2,4 отсто, бројот на неделни часови на оние кои продолжија да работат е помал за скоро еден час, а учеството на вработените со договор за вработување кои не работеле се зголеми повеќе од двојно, на 17 отсто, пренесува „Раша Тудеј“.

„До јули 2020 година, скоро 50 отсто од работниците во ЕУ се префрлиле со полно работно време или со скратено работно време на работа од дома, отворајќи нови ‘ракави’ на пазарот на трудот, а високообразованите и оние во урбаните области се во подобра позиција за работа од дома“, се наведува во студијата.

Младите претрпеа најсилен пад на вработеноста, додека работниците на возраст од 25 до 54 години и постарите машки работници воглавно имаа скратено работно време.

Значителни разлики во работните услови беа регистрирани и меѓу земјите-членки на ЕУ, при што Франција, Полска, Италија и Грција беа најтешко погодени од пандемијата, се додава во извештајот.

Слични содржини