Младите пациенти кои починаа од ковид 19, биле невакцинирани, вели Филипче

од Берта Китинска

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека сите млади лица кои го изгубија животот во изминатите денови по компликации со коивд 19 биле невакцинирани.

Тој денеска истакна дека во болниците има пациенти со сите вакцини имаме хоспитализирани пациенти.

-Имаме и со Фајзер, и со Спутник, и со кинеската, имаме и пациенти од странство кои се вакцинирале во странство со Модерна, значи во тој дел нема некоја разлика, изјави министерот Филипче.

Министерот за здравство додава и дека најголем број на хоспитализирани вакцинирани пациенти се со примена една доза.

Слични содржини