МЛАДИТЕ ВО ИТАЛИЈА ОДГОВОРНИ: Вакциниран секој четврти Италијанец

од Stefanija Kuzmanovska

Секој четврти Италијанец е вакциниран, а до септември се проценува дека ќе бидат имунизирани 80 проценти од граѓаните, вклучително и лица на возраст од 12 до 15 години, изјави комесарот за вонредни состојби, генерал Франческо Фило.

За време на викендот, за два дена, биле имунизирани рекордни 1.200.000 луѓе, претежно млади луѓе, кои масовно одговориле на повикот за вакцинација.

За младите се организираат посебни места и таканаречени „Отворени денови“, а за големиот одзив придонесува и фактот дека годинава нема да може да се патува без потврда за имунизација.

Комесарот Фило најави дека вакцинирањето со уште една, трета доза на вакцината најверојатно ќе биде планирана на крајот на годината, имајќи предвид дека вирусот мутира и дека, и покрај сите мерки, нема да може целосно да се изолира Италија од оние земји каде што вакцинацијата на населението е бавна.

Слични содржини