Mладо момче едвај спасено во прилепската болница, зел нерегистриран лек за дијабетес

од Берта Китинска

Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира лекот СУГАРНОРМ за шеќерна болест апелира д-р Златко Савоски, специјалист интернист и еднокринолог од прилепската болница, на неговиот Фејсбук провил, откако синоќа успеал да спаси пациент на 27 годишна возраст донесен во тешка состојба.

-Ноќва што помина малку фалеше да еден млад живот биде изгубен од користење на таканаречениот лек за сите видови на шеќерна болест SUGARNORM кој 27 годишниот пациент го користел, донесен во тешка катоацидоза. За среќа, после целовечерна борба пациентот стабилен и со добри параметри е на пат кон Клиниката за ендокринологија. Научното здружение на ендокринолози и дијабетолози веќе се изјасни дека кај нsа не е регистриран, ниту пак се препорачува.Затоа, апелирам до Министерството за здравство, МВР и останатите релевантни фактори да испитаат како и кој го дистрибуира SUGARNORM. Исто така апелирам до пациентите и сите останати да не зимаат на своја рака истиот или било кој друг лек затоа што се изложуваат на опасност, пишува Савоски.

Слични содржини