Младо момче со тешки телесни повреди заврши во болница после пад од мопед

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека 19-годишно момче од Штип завршило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола врз мопедот кој што го управувал и излетал од патот.

Според информации, вчера околу 17.00 часот во Штип, на ул.„Суитлак“, мопед „баотиан“ со штипски регистарски ознаки управуван од Д.К.(19) од Штип изгубил контрола и излетал од коловозот.

„На Д.К. во Клиничката болница-Штип му се констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Штип“, велат од полицијата.

Слични содржини