Младоженецот Јокиќ – веселба на столица и пари за музика ФОТО

од Vladimir Zorba

Никола Јокиќ, репрезентативецот на Србија и еден од најдобрите играчи во НБА лигата, се ожени со долгогодишната девојка.

Прославата во кругот на семејството и пријателите беше организирана во Сомбор, а новопечениот младоженец беше многу среќен.

Како што покажуваат фотографиите што се појавија на социјалните мрежи, Јокиќ е качен на стол, а знаел и да „пушти некој динар“ на музиката.

Јокиќ се ожени со својата долгогодишна партнерка Наталија Мачешиќ.

Двајцата беа заедно цели седум години и требаше да се очекува дека порано или подоцна ќе ја официјализираат успешната врска пред матичар.

Јокиќ со години игра одлично во дресот на тимот од Колорадо, тој е еден од најдобрите центри во НБА, а во последните две сезони со Нагетс стигна до полуфиналето и финалето на Западот.

Тој е еден од најплатените играчи во последните неколку години, заработи околу 148 милиони долари за пет години и се здоби со огромна популарност во светот на кошарката.

Слични содржини