ММА борец: Дали навистина мислите дека Хабиб е најдобриот на сите времиња, се шегувате, нели?

од Nikola Popovski

Хабиб Нурмагомедов ја одбрани светската титула во лесната категорија на УФЦ против Џастин Гејџ во саботата, а потоа реши да се збогува со својата ММА кариера.

После борбата многу се зборува за тоа кој е најдобриот ММА борец на сите времиња, и додека многумина веруваат дека титулата му припаѓа на Хабиб, Џон Џонс не се согласува.

„Им се обраќам на сите фанови на Хабиб. 15 светски титули наспроти неговите четири. И навистина се расправате кој е најдобриот борец на сите времиња? Се шегувате, нели? 15 наспроти четири, дали вие се шегувате со мене?“, рекол Џонс.

„Единствената личност што можеше да го загрози мојот рекорд и она што го направив во УФЦ е Жорж Сент-Пјер. Тој ќе мора да се врати и да победи во уште две борби за титула за да ме стигне. А јас сè уште не сум се збогувал со кариерата. Имам 33 години и уште едно поглавје што треба да го поминеме. Вие сте луди. Ве сакам многу“, констатира Џонс.

Џонс исто така изјавил дека Хабиб штотуку започнал да се бори против најдобрите во светот.

„Вашиот аргумент е дека тој е подоминантен? Тој само што започна да се бори на врвно ниво. Можете ли да ме замислите мене против 10-тиот борец во категоријата?“, рекол борецот.

Слични содржини