ММФ: Економијата страда поради поделбата на светот на оние за и против Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Глобалната економија страда од поделбата на светот на оние кои се за и оние кои се против Русија, изјави извршната директорка на ММФ, Кристалина Георгиева.

Таа посочи дека тоа е најдраматичната последица од настаните во Украина, иако се уште има многу ризици, вклучително и прелевање на конфликтот од Украина во други земји, пренесува ТАСС.

„Доколку одиме до точка да отсечеме некои делови од светот од другите, во богатите земји би имало многу сиромашни луѓе, додека сиромашните земји би го носеле најголемиот дел од товарот“, рече Георгиева.

Слични содржини