23
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) планира да ја ревидира надолу својата прогноза за раст на руската економија во јули, предупреди портпаролката на Фондот, Џули Козак.
Како што изјави таа, инфлацијата во Русија опаѓа, но останува висока, додека економскиот раст нагло забавува поради комбинација од внатрешни и надворешни фактори, пренесува ТАСС.
„Гледаме дека руската економија сега нагло забавува. Инфлацијата се намалува, но сепак останува висока, а Русија, како и многу други земји, се соочува со високи ризици и неизвесност“, рече Џули Козак.