ММФ останува посветен на глобалната прогноза за раст од 6%: Кој ќе расте побрзо, а кој побавно?

од Stefanija Kuzmanovska

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) продолжува да проценува дека глобалниот раст во 2021 година ќе биде околу 6 проценти, како што беше предвидено во април, при што некои земји растат побрзо, а некои побавно, изјави извршната директорка на ММФ Кристалина Георгиева.

Обраќајќи се на онлајн настан организиран од Институтот за меѓународна економија Петерсон, Георгиева предупреди дека економското закрепнување може да биде ограничено доколку не се забрза вакцинацијата против ковид-19, пренесува Ројтерс.

Таа исто така оцени дека крајот на пандемијата до крајот на 2022 година нема да биде возможен со сегашното темпо на вакцинација.

Георгиева изјави дека најверојатно ќе бидат потребни 11 милијарди дози вакцини за да се покријат потенцијалните потреби на некои земји за зајакнување на динамиката на вакцинација или за да се компензира загубата на некои дози.

Осврнувајќи се на „жешката“ тема за борба против климатските промени, шефот на ММФ рече дека земјите треба да ги синхронизираат своите активности за зголемување на цените во трговијата со јаглерод и веројатно би било потребно да се прилагоди механизмот за ограничување на емисиите на јаглерод.

Слични содржини