Глобалните економски перспективи остануваат крајно неизвесни, имајќи ја превид Ковид пандемијата и зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните земји, што само по себе бара ММФ да најде дополнителни средства за поддршка. Ова денес го истакна, директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева.

Во рамки на виртуелната прес конференција, Георгиева посочи дека со ново одобрување на „валутата“ на ММФ, ќе се овозможи на земјите специјално право за повлекување, како и фискален простор за решавање на здравствената криза и забрзување на преминот кон дигитална и зелена економија.

Шведската министерка за финансии Магдалена Андерсон, инаку новата претседателка на Управниот одбор на ММФ, потенцираше дека е сосема јасно оти потребата за ликвидност е се уште висока и ќе се консултира со земјите ќленки околу опциите за зголемување на ликвидноста.

Слични содржини