ММФ: Умерена инфлација до крајот на 2021 година

од Берта Китинска

Монетарната политика е соодветна и треба сѐ уште да биде олабавена. Скорешното зголемување на инфлацијата најмногу се должни на глобалните фактори и е привремено. Во последните месеци, растот на глобалните цени на енергијата и на храната влијаеше врз инфлацијата. Иако веројатно ќе има некои преносни ефекти, се очекува дека инфлацијата ќе се намали во втората половина од годината. Се очекува дека потрошувачките цени ќе растат умерено – 2,2 проценти, во просек, во 2021 година.

Ова се дел од заклучоците на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводена од Берглјот Баркбу, по одржаните редовни состаноци.

Во изјавата, како што соопшти Народна банка, ММФ нагласува дека банкарскиот систем во целина е добро капитализиран и ликвиден.

„Нефункционалните кредити веројатно ќе забележат одредено зголемување, со изминувањето на регулаторната флексибилност и со постепеното намалување на фискалната поддршка за фирмите. Важно е да се задржат строгите правила за класификација на ризикот и за издвојување резервации за кредити, за да им се овозможи на банките да издвојат доволно резерви со кои би ги покриле потенцијалните загуби, се анведува во изјавата.

ММФ ја нагласува и важноста на независноста на Народната банка.

„Зачувувањето на независноста во работењето на Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) е клучно за да се овозможи таа и понатаму да го остварува својот мандат за одржување на ценовната стабилност и заштита на финансиската стабилност, коишто се предуслови за одржлив економски раст“, наведуваат од ММФ.

ММФ очекува економско закрепнување, но коешто е условено од процесот на вакцинација и од натамошниот развој на коронавирусот.

Слични содржини