„МНОГУ ПАТИ МИ НУДЕЛЕ ДРОГА“: Ќерката на Цеца зборува за своите искуства!

од Vladimir Zorba

Бидејќи често излегува, српската пејачката Анастасија Ражнатовиќ признава дека видела сè и сешто, како и дека и биле понудени некои од работите што не ги поддржува. Една од нив е дрога.

– Честопати сум слушала за себе како земам дрога. Никогаш не сум и тоа не ме привлекува – изјави таа за српски „Курир“.

– Ми понудиле дрога на излегување, во тоалет, неколку пати, но јас не сакав. Никогаш не би го пробала, но навикната сум да гледам сè – додаде младата пејачка, па се осврна на серијата „Пејачка“, за која се зборува претходните месеци.

Таа вели дека не можела да прифати улога во тој проект заради сценариото.

– Ја добив улогата, но не се пронајдов во сценариото. Бев на проба и добив комплимент дека имам талент за тоа. Веднаш реков дека нема да се соблечам гола или да бакнам некого. Тоа беше прифатено. Не ми се допаѓаше нешто во сценариото и не се пронајдов во тоа, па решив да не прифатам – заклучи таа за „Курир“.

Слични содржини