Многу подобро ѝ мислам на Македонија отколку Вархеји, вели Мицкоски

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека има многу поразличен став од еврокомесарот Оливер Вархеји. Запрашан за изјавите на Вархеји кој смета дека треба да се прифати францускиот предлог, Мицкоски истакна дека неговиот став е различен со оној на Вархеји и дека кога станува збор за идентитетот на македонски народ и Македонија, имаат различни ставови.

-Мојот став е различен. По други политики може имаме слични или исти ставови, но кога станува збор за идентитетот на Македонија и мојот народ, имаме различни ставови. Не верувам во тезата дека господинот Вархеји ѝ мисли подобро на Македонија, отколку јас. Јас сепак сметам дека многу подобро ѝ мислам на мојата татковина и народ отколку што господинот Вареји мисли. И нема аргументи што можат да ме убедат дека таа политика е исправна политика, рече Мицкоски во емисијата „360“.

Слични содржини