„Многу се оптоварував со својот изглед“: Ед Ширан откри дека се борел со булимија

од Stefanija Kuzmanovska

Музичарот Ед Ширан во интервју за „Ролинг Стоун“ откри дека боледува од булимија, пореметување во исхраната.

Музичарот изјавил дека бил многу оптоварен со изгледот, дека постојано се споредувал со другите, а на крајот, како што вели, се прејадувал, а потоа повраќал.

„Се прашував зошто бев толку дебел кога другите момци имаа фантастични тела. Се прашував зошто немам плочки на стомакот. Да. Затоа што сакам плескавици и пиво. Потоа работев со Џастин Бибер и Шон Мендес. И тие имаа фантастични фигури“, изјави Ширан.

Тој опишал дека на тој начин постепено развил нарушување во исхраната, кога работите ескалирале, му била дијагностицирана булимија.

„Кога зборувам за некои работи, се чувствувам непријатно. Знам дека луѓето ќе го препознаат тоа, но мора да бидете искрени. Многу луѓе го прават истото и го кријат“, рече Ширан.

Тој додаде дека неговото здравје се подобрило кога тој и неговата сопруга ги добиле синот и ќерката

„Тогаш се посветив на вежбањето, татковството. И работа, секако“, заклучи Ед Ширан.

Слични содржини