Многу време поминато на мобилен го зголемува ризикот од кратковидност кај децата

од Milan1

Многу време поминато пред екранот на мобилниот телефон или компјутерот може да го зголеми ризикот од краковидност кај децата и до 80 отсто, покажува студијата спроведена од експерти од Универзитетот Англиа Раскин во Кембриџ, Англија.

Се покажа дека повеќе од 3.000 испитаници ја поврзуваат изложеноста на паметни уреди со кратковидоста кај децата и младите на возраст од три месеци до 33 години.

Тие открија јасна врска помеѓу времето поминато во гледање телефони или таблети и поголем ризик од развој на миопија. Само паметните телефони го зголемуваат ризикот за 30 проценти, но во комбинација со прекумерната употреба на компјутер, ризикот се зголемува на 80 проценти.

Истражувачите стравуваат дека тоа би можело да значи дека до 2050 година половина од светското население би можело да биде кратковидно или да страда од проблеми со губење на видот.

Во 2019 година, Светската здравствена организација препорача децата на возраст под две години да не поминуваат време пред екранот, а на децата на возраст од две до пет години им се советуваше да користат паметни уреди до еден час во текот на денот.

Руперт Борн, професор по офталмологија и коавтор на студијата, рече дека кратковидоста е здравствена грижа која брзо ескалира.

– Нашата студија е најсеопфатна досега за ова прашање и покажува потенцијална поврзаност помеѓу времето поминато со екранот и миопијата кај помладата популација. Исто така, знаеме дека луѓето реално не го доживуваат времето кое го поминуваат пред екранот, па затоа во идните студии треба да се користат објективни мерки за собирање информации, истакнува Борн.

Слични содржини