МНР го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3700 долари

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи МНР) целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД.

Од ресорот потенцираат дека наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна.

-Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање. Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал, појаснуваат од МНР.

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека новоименуваниот амбасадор во Вашингтон си изнајмил резиденција за преку 6.000$ месечно во ексклузивен дел на Вашингтон, Бетезда, иако во склоп на амбасадата има резиденција за амбасадор каде што живееја сите амбасадори до сега.

-Попов не сакал да живее во резиденцијата, затоа што не му се допаѓало, па си избрал луксузно сместување. На оваа сума има плус режиски трошоци од 1.000$ кои доколку живее во резиденцијата во наша сопственост нема да ги има или ќе бидат минимални. Платата му е 5.000$, а си земал стан од преку 6.000$, велат од најголемата опозициска партија, порачаа од партијата.

Слични содржини