МНР ќе гради нови амбасади во Атина и Анкара, а ќе се реновираат постоечките во Будимпешта и Цирих

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денес најави дека ресорното министерство почнало проект за ставање во функција на имоти наследни од поранешна СФРЈ во нашата дипломатско-конзуларна мрежа, при што ќе бидат реновирани повеќе објекти кои се користат како дипломатско-конзуларни претставништва, а ќе се градат и нови згради.

-На листата на имоти кои ги добивме под сукцесија на имотот од поранешна Југославија, се потврди имотот во Бразилија, Њу Делхи и Трст, со што се зголеми листата, почнувајќи од Париз, Атина, Канбера, Хараре и Рим. Повеќето од овие имоти останаа неискористени, додека државата плаќа кирии за амбасади и резиденции. Оттаму МНР го започна наведениот проект, а владата ги одобрила финансиските барања, рече Османи.

Според наведеното, ќе се гради нова амбасада во Атина, ќе има реновирање на постоечкиот објект во Цирих, ќе има реновирање и доградба на објектот во Канбера, а ќе се реновира и надградува и објектот на нашата амбасада во Будимпешта.

-По пат на реципроцитет добиено е земјиште во Анкара, во репрезентативниот дел каде се наоѓаат амбасадите, од околу осум илјади квадратни метри. Почнавме постапка за партнерство со други држави заеднички да изградиме објект во кој ќе имаме и наша Амбасада, појасни министерот.

 

Слични содржини