МНР: Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка

од Берта Китинска

На брифинг со медиумите, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска потврди дека во францускиот предлог што е доставен има чист Македонски јазик.
Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка, вели Османи.

„Јазикот и билатералните прашања во преговарачката рамка, односно пропагандистите или пак тие на кои некои не им се допаѓа предлогот викаат со ова ќе се смени идентитетот, ќе се бугаризираат, ова е слепа улица, нема да можеме да пројдеме. И сакам едно по едно денеска да ги пројдеме да ги демонтираме, не само да ги демантираме, таквите наративи кои не се точни. Слушнав вчера варијанти шпекулации од професори, од академици, дека јазикот не бил како што треба. Имало фуснота, имало квалификации. Најголемата придобивка на овој процес за кој што се бореле генерации, за кој што ние се бориме од 90 посто од времето беше да се затвори еднаш засекогаш прашањето на јазикот кој што очигледно беше оспоруван во ЕУ.

„Во ЕУ до сега никогаш не е потпишан документ во кој што стои Македонски јазик. Има договор за фронтекст кој што е безбедносен документ од кој што директно ни зависи безбедноста на државата.“ рече Османи.

Слични содржини