МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор во Македонија

од Vladimir Zorba

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, кому му беше предадена протестна нота по повод информациите поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање азил во Унгарија.

Во таа прилика, државниот секретар во МНР Виктор Димовски изрази надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Слични содржини