МНР на Кина: Сакаме дипломатско решение, а не Трета светска војна

од Vladimir Zorba

Кинеските власти не сакаат Трета светска војна и се посветени на решавање на конфликтот во Украина по дипломатски пат, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

„Никој не сака да види Трета светска војна, неопходно е да се поддржи процесот на промовирање мировни преговори меѓу Русија и Украина“, рече Венбин на прес-конференција на прашањето како кинеското Министерство за надворешни работи ја оценува изјавата на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за реалната опасност од избувнување на Трета светска војна, пренесе ТАСС.

Неприфатливоста на нуклеарната војна е принципиелен став на Москва, но не треба да се потценува опасноста од таков конфликт, изјави претходно Лавров, пренесува руската агенција.

Слични содржини