МНР: Нема државјани на С. Македонија меѓу жртвите и погодените лица од пожарите во Турција

од Vladimir Zorba

До наши дипломатски консуларни преставништва во Турција досега не е пријавен ниту еден наш државјанин кој бил загрозен заради пожарот. Нема државјани на Република Северна Македонија меѓу жртвите и погодените лица, велат од МНР по повод пожарите кои ја зафатија Турција и делод нејзините летувалишта.

Повеќето шумски пожари во Турција се под контрола, додека областите во западниот дел на земјата се уште се загрозени, изјавија тамошните власти, најавувајќи истрага за причините за пожарите.

Агенцијата Анадолија јавува дека 70 шумски пожари се ставени под контрола низ целата земја.

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли на Твитер објави дека околу 4.000 луѓе, шест авиони, девет беспилотни летала, како и хеликоптери се вклучени во гаснењето на пожарот.

Зборувајќи за пожарите во Мугла, Пакдемирли рече дека има „помала штета“ во одморалиштата Мармарис и Мугла.

„Тоа не им се заканува на населбите, огнот се движи кон морето“, посочи Пакдемирли.

Според „Дејли Сабах“, пожарите во Турција се вообичаени во овој период од годината поради високите температури, но последните биле катастрофални бидејќи предизвикале голема материјална штета бидејќи биле уништени цели села.

Најголемата штета е предизвикана околу градовите лоцирани во регионите Анталија и Мугла, каде што пожарот им се закануваше на популарните летувалишта. Јужните региони Мерсин, Адана и Османија исто така беа погодени од пожарот.

Слични содржини