МНР нема информации дека платеници од Македонија се борат на фронтот во Украина

од Nikola Popovski

Министерството за надворешни работи (МНР) соопшти дека немаат информации за евентуално учество на наши државјани како странски платеници на фронтот во Украина.

-Министерството за надворешни работи не располага со релевантни информации поврзано со евентуалното учество на наши државјанини во војната во Украина, ниту загинати наши државјани во војна. Постојано и внимателно ја следиме ситуацијата, преку амбасадата во Украина. Штом има нови информации јавноста ќе биде информирана, велат од МНР.

Ова следува откако Руското министерство за одбрана ги објави своите најнови податоци во врска со бројките на платеници кои војуваат во Украина и според нив, од почетокот на инвазијата на страната на Украинците се бореле 79 македонски државјани, а биле убиени или загинале 26.

Од Москва додаваат и дека активни на фронтот во моментов се 32 лица.

Слични содржини