МНР со реакција до УЕФА за „Северномакедонци“

од Vladimir Zorba

Министерството за надворешни работи соопшти дека испратило реакција до УЕФА на чиј офиицјален сајт каде се претставени федерациите, покрај името ФФМ, претседателот Мухамед Сејдини и генералниот секретар Филип Поповски се запишани дека по националност се „Северномакедонци“.

– МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството, и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, велат од Министерството за надворешни работи.

Слични содржини