МНР за Стандард: „Macedonia the GReat“ може да има негативно влијание врз досегашните резултати

од Aleksandar Todeski

Слоганот „Macedonia the GReat“ кој грчката влада го промовираше минатата недела секојдневно добива простор како во македонските, така и во грчките медиуми. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис веќе ја почна кампањата за грчкиот регион Македонија, иако за ова треба да дебатира Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци, пишува Стандард.

Од Министерството за надворешни работи за Стандард велат дека ваквиот унилатерален приод кон решавање на прашања, кои согласно Преспанскиот договор, треба да бидат регулирани заеднички од страна на деловните заедници, не е најсоодветен пристап кон почитување и имплементацијата на обврските од Договорот.

„Ние цениме дека на ваквите прашања треба да им се пристапува преку дијалог и со советодавна и експертска асистенција на Меѓународната група експерти за комерцијалните имиња, трговските марки и заштитни знаци. Унилатералниот пристап може да доведе до подривање на меѓусебната доверба и да има негативно влијание врз досегашните напори и постигнати резултати меѓу двете држави, кои претставуваат пример за надминување на билатералните предизвици. На пристапот применет во Преспанскиот договор, од страна на меѓународната заедница, се гледа како потенцијален модел за надминување на отворени прашања меѓу други држави“, велат за Стандард од МНР.

На прашањето на Стандард дали македонското МНР има стапено во комуникација со грчкото МНР по појавата на слоганот, од таму велат дека сите прашања поврзани со термини на имиња за комерцијална намена, трговски марки и заштитни знаци треба да се разгледуваат во рамките на Комитетот за деловен дијалог, на кого со совети ќе им помага Меѓународната група на експерти, составена од претставници на двете држави.

Целиот текст прочитајте го на Стандард.

Слични содржини