Мојата визија е да бидеме европски шампион за производство на струја од нашето македонско сонце, откри Ковачевски

од Vladimir Zorba

„Мојата енергетска визија е да бидеме европски шампиони за производство на енергија од нашето македонско сонце. Први во регионот сме според енергетска трансформација и се позиционираме како иден зелен центар на Европа“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Штип.

Тој додаде дека само во изминатите десет месеци, колку што е неговиот мандат, се изградени 27 мегавати фотоволтаични централни.

„Започнавме со електраната Осломеј, инвестиција во фотонапонската електрана од 10 мегавати. Дополнително на истата локација веќе се градат и фотонапонски централи со капацитет од 100 мегавати. Во Свети Николе неодамна почна со работа фотоволтаична централа во државата од 17 мегавати. Во наредниот период сите 130 мегавати од обновливи извори на енергија ќе бидат пуштени во употреба“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека кога имате план, визија и вистински политики резултатите се неизбежни.

Слични содржини