МО: Истоштен од неостварените амбиции, Ковачки се обидува да ѝ наштети на Армијата и на државата

од Vladimir Zorba

Mесец и пол „големиот експерт“ за прв пат се сети дека е објавена „голема тајна“ – државната мапа, а сега уште еден месец подоцна ги повторува лагите. Несудениот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи кој заборави на Уставот и се понадева на функција, сега „заборава“ што е воена тајна, а што помош на граѓаните и институциите во услови на пандемија, реагира Министерството за одбрана на обвинувањата на Драган Ковачки, кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.

Тој ја обвини министерката за одбрана Радмила Шекеринска дека направила кривично дело казниво со затвор и извршила класичен упад во воениот систем на Република Македонија со објавувањето на интернет на мапата за зоната на одговорност на Третиот пешадиски баталјон.

„Истоштен од неостварените амбиции тој се обидува да ѝ наштети на Армијата и на државата и повторно ја вознемирува јавноста со лаги. Воопшто нема ништо спорно во објавата на државната мапа која го покажува дебарскиот регион каде Армијата ѝ помагаше на полицијата, пред сѐ, во контролата на граничната линија, што беше транспарентно споделено во јавноста како нејзина задача.

Никаде на мапата нема означен степен на класификација, ниту пак има впишано распоред на единиците, но тоа не го спречува несудениот функционер на ВМРО да инсинуира. И тоа за настан јавно објавен во средината на март. Вистинските експерти не се служат со лаги или барем ги проверуваат своите претпоставки пред да ја вознемируваат јавноста.

Вистинските експерти не ја загрозуваат безбедноста, туку ја зацврстија: со полноправно членство во НАТО и со добро платена и силно мотивирана Армија. Таквите експерти ги бранат интересите на државата и нејзиниот углед. Не своите неосновани амбиции и жед за привилегии и злоупотреби“, се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана.

Слични содржини