МО на Украина: Од Западот добиено само 10 отсто од потребното оружје

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Ана Малијар, денеска изјави дека Киев од Запад добил само 10 отсто од оружјето што му е потребно.

„Колку и да вложи труд Украина, нема да можеме да ја добиеме војната без помошта на Западот. Добивме само 10 отсто од она што го кажа Украина, од она што ни е потребно“, изјави Малијар за украинскиот канал ТВ 24, пренесе РИА Новости.

Министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников изјави дека првичното барање на украинските војници за артилерија на НАТО од калибар 155 мм е исполнето 90 отсто.

Слични содржини