Мобилните телефони лошо влијаат на психичкото здравје на вашето дете

од desk2

Можеби на вашето дете сте му купиле мобилен телефон од најдобри намери, но сигурно не сте му направиле услуга кога е во прашање неговото ментално здравје.

Употребата на мобилните телефони влијае на тинејџерите многу негативно, а за тоа сведочи податокот дека секојдневната употреба на социјалните мрежи само три пат на ден е опасна по нивното психичко здравје.

Научниците набљудувале 13.000 тинејџери од повеќе од 1.000 училишта во Англија. Дури 28 отсто од девојките кои ги користеле социјалните мрежи имале зголемување на анксиознота од останатите. Момчињата исто така се зависни од социјални мрежи, но значајно помалку од девојчињата.

Девојчињата кои слободното време го поминуваат на социјалните мрежи се изложени на сајбер насилство, губиток на сон и намалување на физичката активност.

Социјалните мрежи сами по себе не се виновни за пореметувања, но зачестената употреба може да има влијание на психичкото здравје кај девојчињата. Најмногу со употреба на апликациите WhatsApp и Snapchat.

Тинејџерите не се среќаваат само со анксиозност туку и со депресија, тага, недостаток на сон, пренесува „Daily Meil“. Потребата за социјални мрежи доживеа експанзија помеѓу 2013-та и 2015-та година. Процентот на луѓе кои користат социјални мрежи значајно расте.

Слични содржини