Модел (39) почина по втората доза на вакцината на „АстраЗенека“: „Ми се тресе целото тело“

од Stefanija Kuzmanovska

Британската манекенка Стефани Дубоис (39) почина во петокот од згрутчување на крвта во болница во Кипар, откако прими втора доза на вакцина на „АстраЗенека“ против коронавирус. Таа живееше на Кипар во последните пет месеци. Кипарските здравствени власти испитуваат дали смртта е поврзана со тоа, пишува Dailymail.

Откако примила две дози од вакцината против коронавирус, британската манекенка на своите социјални мрежи јавно објавила дека се чувствува лошо и слабо.

По првата доза што ја примила на 6 мај, се разболе, а на 14 мај, кога ја примила втората доза на вакцина, Дубоис објавила дека ѝ се врти и тресе целото тело, има грчеви и има потешкотии во дишењето.

Мислела дека во меѓувреме се заразила, но тестот бил негативен. Набргу потоа завршила во кома по што починала.

Слични содржини