Модел го доеше своето бебе на модната писта и го потресе светот

од Vladimir Zorba

Светот на модата секогаш предизвикува на еден или друг начин. Во последните неколку дена, модниот подиум повторно го привлече вниманието на медиумите, а особено моделот Мара Мартин .
Во модна ревија по повод спортската колекција на Sports Illustrated, бринетата прошета на сцената држејќи ја својата ќерка, која цицаше од нејзините гради. Многу медиуми ја опишаа оваа случка како инспиративна и храбра. 
Социјалните мрежи собраа многу различни мислења, меѓу кои ги имаше и оние кои ја поддржаа мајката и другите што ја изразија својата индигнација.

Sports Illustrated Search одржа кастинг за непрофесионални модели, а Мартин беше еден од 16-те победнички кои учествуваа во презентацијата на колекцијата.

Младата мајка сподели дека е благодарна што може да ја пренесе својата порака за доењето и дека сите жени можат да го прават тоа во секое време, насекаде.

Слични содржини