Модерна верува дека нејзината вакцина е ефикасна за сите видови на Ковид-19

од Nikola Popovski

Вакцината на Модерна против Ковид-19 е ефикасна против британските и јужноафриканските варијанти на коронавирусот, се вели во соопштението на американската биотехнолошка компанија во понеделникот.

Експертите очекуваат вакцината да штити од досегашните откриени соеви, соопшти компанијата по тестирањето. Модерна прецизираше дека ќе работи на развој на дополнителна доза за зајакнување на заштитата од тие варијанти, пренесува Хина.

„Студијата не покажа значителен ефект на антителата против варијантата B.1.1.T. во споредба со претходните варијанти “, објасни Модерна за британскиот вид на вирусот.

Но, забележано е шесткратно намалување на нивото на антитела против јужноафриканската варијанта (Б.1.351). И покрај ова намалување, „нивото на антитела останува над нивото потребно за да се обезбеди заштита“, додаваат од Модерна.

Проучувајќи ги ефектите на својата вакцина, наречена mRNA-1273, Модерна зела крв на осум лица кои примија две дози од вакцината и неколку вакцинирани примати.

Слични содржини