Mодерно e: И Кејт Аптон против Викторија Сикрет

од Vladimir Zorba

И манекенката Кејт Аптон стана дел од тимот на критичари на Викторија Сикрет. Според Кејт, брендот за долна облека не ангажирал различни типови модели.

“Ние гледаме во ист тип на тело цело време. Мора да водите сметка за различностите од таа гледна точка. Секоја жена треба да се препознае себеси, инаку едноставно ви е здодевно”, се сврте  Аптон кон компанијата.

Факт е дека Кејт Аптон снима рекламни кампањи со Викторија Сикрет, но никогаш не била една од нивните големи ревии.

Ова нема да се случи повторно оваа година, бидејќи стана јасно дека нема да се организира нивното традиционално годишно шоу. Во краткото соопштение, „Викторијас Сикрет“ објави дека тие бараат нов вид дисплеј за своите модели, но засега нема збор за оваа тема.

Инаку, против нив беше покрената петиција пред неколку недели, во која беа вклучени над 100 манекенки и актерки. Тие повикаа на усогласеност со добрите практики во модниот бизнис. Петицијата беше потпишана и од движењето „Тајмс Ап“, кое ги штити жртвите на сексуално вознемирување.

Викторија Сикрет влезе во вестите со ангажирање на својот прв трансродов модел, Валентина Сампајо. Како резултат на овој изненаден потег, директорот за маркетинг Едвард Разек поднесе оставка.

Слични содржини