Модриќ: Би се откажал од трофеи со Реал Мадрид за успех со Хрватска

од Vladimir Zorba

Фудбалерот на Реал Мадрид и репрезентацијата на Хрватска, Лука Модриќ, призна дека минатата сезона била една од најтешките, но тимот заслужил освојување на Лигата на Шампионите.

Тој, исто така, се надева на успех на Светското првенство со хрватскиот национален тим.

„Не можеме да победиме без драма. Имавме тешки моменти. Ги победивме шампионите на Франција, Италија, Германија, а потоа и Ливерпул. Ние навистина го заслужувавме овој трофеј. Беше долга сезона. Среќен сум да бидам дел од Реал. Би се откажал од неколку трофеи со Реал за голем успех со Хрватска“, изјави Лука Модриќ за „AC“.

Слични содржини