Модриќ и Крос аут за дуелот со ПСЖ?

од Vladimir Zorba

Двајца од диригентите во средината на теренот за Реал Мадрид се под голем знак прашалник во врска со претстојниот важен натпревар со Пари Сен Жермен од 1/8-финалето во Лигата на шампионите. Се работи за Тони Крос и Лука Модриќ.

Тие се повредени некое време и сега се речиси целосно излечени. Проблемот е, сепак, дека сé уште не завршиле целоснен тренинг со нивните соиграчи. И дури и да се вклучат во теренот, тие ќе имаат само еден пред натпреварот во Париз во вторникот.

„За жал, двајцата се уште не тренирале со нас. Се надевам дека ќе може да го сторат тоа во недела (денес), најдоцна во понеделник. Тие се многу важни за нас, но треба да ги изберам најдобро подготвените играчи за битката во вторникот. Имаме два дена да видиме каква ќе биде нивната состојба. Ако Лука и Тони не се целосно подготвени, некој друг ќе игра“, изјави тренерот на Реал, Зинедин Зидан по победата над Хетафе во саботата вечерта.

Слични содржини