Модриќ ја урна Франција: Хрватите го шокираа светскиот шампион

од Nikola Popovski

Хрватските фудбалери ја совладаа Франција во натпреварот од 4.коло од Групата 1, од A Дивизијата на Лигата на нации со резултат 1:0.

Хрватска до предност стигна во петтата минута со голот на Лука Модриќ од пенал, по што Франција ја презеде иницијативата.

„Триколорите“ напаѓаа, но топката не сакаше да влезе во голот. Имаа 16 удари, од кои пет беа во рамките на хрватскиот гол, но ниту еден не заврши зад чуварот на мрежата на гостите.

На крајот, по „минималецот“ против Данска, Хрватска славеше и против Франција и стигна до седмиот бод.

Во рамките на истата група, Австријците врзаа трет натпревар без победа, бидејќи Данска стигна до трите бода со 2:0 и со девет го зацврсти првото место на табелата.

Еден натпревар се одигра во дивизијата Б од Лигата на нации, во рамките на групата 2 меѓу Исланд и Израел, кој заврши со резултат 2:2, а во групата 3 од дивизијата Ц Казахстан беше подобар од Словачка со 2:1, додека Белорусија беше поразен во Азербејџан со 2:0.

Слични содржини