Модриќ откри што му рекол Зидан кога Роналдо беше цврсто во Реал

од desk2

По традиција, Лука Мордиќ даде интервју за France Football откако ја освои Златната топла од истоимениот магазин, кој од 1956 година ја доделува наградата заедно со ФИФА за најдобар фудбалер.

Зинедин Зидан имаше добро чувство дека Модриќ може да отиде до самиот врв.

„Кога видов дека сум во најдобрите 30 почнав да верувам дека сум добар. Но, постои еден момент што никогаш нема да го заборавам. КОга Зидан стана тренер на Реал на почетокот на 2016 година, еден ден ме викна кај него во канцеларија по тренингот. Ми објасни за каков играч ме смета и ми рече дека сум исклучително важен за неговата возија за игра на Реал. Над се, ми рече дека мисли дека денес-утре може да ја освојам Златната топка. Кога тоа ќе ви го каже некој како Зидан, човек со таква харизма, мора да ви се подигне моралот“, вели Модриќ.

Интересно е што во тој момент Кристијано Роналдо беше цврсто во реал и не можеше да се замисли дека ќе го напушти Мадрид. Тој беше на врвот на кариерата, а Зидан му рекол на Модриќ дека може да ја освои Златната топка.

Слични содржини