Могерини и Хан во Анкара ќе разговараат за иднината на односите меѓу Турција и ЕУ

од Vladimir Zorba

132422104

Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на 9 септември ќе ја посетат Турција каде ќе ја разговараат за иднината на односите на ЕУ со Турција по обидот за преврат

Ова го информира Могерини по неофицијалната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Братислава, цитирана од ТАСС.

 Таа изјави дека со Хан ќе ја посетат Анкара за нов круг од политичкиот дијалог на високо ниво и за да ја разгледаат иднината на билатералните односи по обидот за преврат, што ЕУ категорично го осуди.

Турција се согласи да ја продолжи примената спогодбата со ЕУ за мигрантите и двете страни ќе продолжат да работат на визната либерализација, додаде Могерини, цитирана од британските медиуми.

Истовремено, таа ја повика Турција уште еднаш да размисли за проблемот со враќањето на смртната казна во земјата, што предизвикува сериозна загриженост во Европската Унија.

Могерини не одговори на новинарските прашања за тоа кога Анкара може да очекува  ЕУ да ги укине визите за турските државјани.

Слични содржини