Моите пет најлоши денови: Јутјуб ѕвездата заврши во затвор во Египет поради селфи

Американско-рускиот инфлуенсер Виталиј Здоровецки заврши во затвор. 27-годишниот пранкстер поминал пет дена зад решетки бидејќи се качин на врвот на египетската пирамида за да направи селфи.

 

Здоровецки на Инстаграм објави фотографија на која се гледа како нозете му висат на пирамида во Гиза. Опишал дека петте дена во египетскиот затвор биле најлошите пет дена во неговиот живот и дека тоа не му го посакува на никого, Сепак, тој нагласил дека не жали за ништо.

„Зборови не можат да опишат низ што поминав во последниве пет дена. Ми се допадна во Египет бидејќи се качив на пирамида во Гиза. Многупати сум бил во затвор, но ова беше најлошо. Видов ужасни работи кои не му ги посакувам на никого. Дали вредеше? Да. Го направив тоа со добра причина и наскоро ќе го објавам видеото“, напишал 27 годишниот Виталиј.

Тој објавил и фотографии на кои се гледа како се качува на пирамидата, што е забрането од ноември минатата година. Сите оние кои ќе бидат затекнати како се качуваат на пирамидите без дозвола се соочуваат со месец дена во затвор или да платат казна.

Слични содржини