Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти, нема да се укине, вели Лукаревска

од Берта Китинска

Сметам дека Мој ДДВ е еден од поуспешните проекти. Длабински го работевме и чекор по чекор го унапредувавме и ќе продолжиме да го унапредуваме, вели директорката на Упавата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска која рече дека се шпекулации тврдењата дека ќе се укине прекотот Мој ДДВ.

– Заеднички ќе ги утврдиме сите проекции дали ќе има простор за зголемување на лимитот за поврат на средствата и навремено ќе ја информираме јавноста. Досега имаме околу 350 илјади корисници на мерката Мој ДДВ и од самиот старт до сега имаме вратено повеќе од три милијарди денари назад кај корисниците на мерката, така што ги отфрлам сите шпекулации дека ќе се укине оваа мерка, рече Лукаревска.

Слични содржини