Од банките нема официјални информации за овие објави.

Пред десетина дена хакерите се пофалија дека ги хакирале и сајтовите на Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана. Во меѓувреме тие се заканија и дека „ќе ја збришат Македонија од интернет просторот“.