Молдавија го отвори воздушниот простор

од Radmila Tasevska

По едночасовно затворање, Молдавија повторно го отвори својот воздушен простор.

Иако беше најавено дека воздушниот простор ќе биде затворен до 16 часот по локално време, летовите беа повторно дозволени во 15 часот, пишува NewsMaker.

Сè уште не е познато зошто Молдавија донела ненадејна одлука да го затвори воздушниот простор.

Молдавските власти сè уште немаат дадено соопштение за оваа прилика.

Слични содржини