Моли се Мицкоски да биде премиер за да излеземе од кризата, му порача Лефков на Костовски

од Nikola Popovski

Моли се Мицкоски да биде премиер, за да излеземе од енергетската криза. Моли се да ни биде премиер, вака му порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков на неговиот колега од СДСМ, Мартин Костовски.

Тој додаде дека додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бил на раководната позиција во ЕЛЕМ, ја оставил компанијата со 25 милиони евра депозит во банки.

-Тоа е чиста сума. Не е јаглен, депозити во банка. Реконструкција на двата блока, милион и пол денари оставени на сметка, 6 милиони евра оставени на сметка за плати. Во 2017 година, најстудената зима, вкупниот увоз на електрична енергија изнесувал 5 милиони евра, рече Лефков во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини