Момче почина после пад од зграда во Скопје, девојка пронајдена со тешки повреди

од Nikola Popovski

Едно момче починало, а девојка се бори за живот и е во критична состојба, откако биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.

Двајцата биле најдени вчера попладне.

-На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од МВР.

Повеќе детали за причините што довеле до трагичниот настан се очекуваат во текот на денот.

Слични содржини