Осумнаесетгодишен тетовец е ранет со остар предмет синоќа околу 23 часот во Жена-парк во Тетово, откако имал вербална расправија со две лица. Повредениот е хоспитализиран во тетовската болница, а СВР Тетово информира дека за настанот едно лице е лишено од слобода.

-Во СВР Тетово било пријавено дека во Жена-парк, на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, дошло до вербална расправија која преминала во физичка пресметка помеѓу М.С. (18) од Тетово, од една страна, и Р.З. и К.В. од друга страна. Притоа, Р.З. со остар предмет му нанел убодни рани на М.С. Полициските службеници од СВР Тетово веднаш го лишиле од слобода Р.З., кој по насоки на Јавен обвинител е задржан во Полициска станица Тетово за понатамошна постапка, соопшти СВР Тетово.

Службеници на СВР Тетово извршиле увид на местото на настанот и сега следува документирање на случајот.

Слични содржини