Момче упаднало во домот на Дрејк, тврдело дека е негов син

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот рапер Дрејк неодамна доживеал непријатно искуство кога момче упаднало во неговата вила во Беверли Хилс. Момчето кое упаднало има 23 години, а тврдел дека е син на Дрејк.

Еден од вработените во куќата го забележал провалникот покрај базенот и веднаш повикал полиција. Веднаш штом пристигнале, го испрашале момчето, кое тврдело дека Дрејк му е татко и дека не е незаконски тој да биде на неговиот имот.

Младиот човек е уапсен поради провала, а неговиот идентитет не е познат.

Дрејк во тоа време не бил дома, туку во Шведска. Имаше гласини дека раперот таму е уапсен поради поседување марихуана, но неговиот ПР тим тоа го демантираше.

Слични содржини