Момче загина на концерт на The Weeknd: Откриени детали од несреќата

од Stefanija Kuzmanovska

Непознат млад човек (32) за време на концерт на музичарот The Weeknd во Филаделфија случајно паднал од ескалатор, висок околу 12 метри, по што им подлегнал на повредите.

Според странските медиуми, мажот околу 23 часот бил пренесен во Универзитетската болница Томас Џеферсон со повреда на главата, а само неколку минути по укажаната помош, по обидите на медицинските екипи да ги санираат повредите, младиот човек починал.

Сепак, младиот човек се уште не е идентификуван, а драматичната борба за неговиот живот се случила на 14 јули на стадионот „Линколн Фајненшл Филд“, како што пишува „The Post“. Оваа информација за споменатиот портал ја потврдила локалната полиција.

По истрагата соопштија дека се претпоставува дека младиот човек случајно паднал од ескалаторот. Боб Ланге, потпретседател за комуникации на фудбалскиот тим Филаделфија Иглс кој управува со Линколн, рече дека инцидентот најверојатно се случил по завршувањето на концертот, додека луѓето си заминувале.

Слични содржини