Момчето на Ким Кардашијан јавно го исмеа нејзиниот поранешен сопруг

од Stefanija Kuzmanovska

Продолжува расправијата меѓу момчето на Ким Кардашијан, комичарот Пит Дејвидсон и нејзиниот поранешен сопруг, раперот Канје Вест.

Пит го исмејувал Канје Вест за време на стенд-ап изведбата „Pete Davidson Presents: The Best Friends“ прикажана како дел од серијалот Netflix is a Joke: The Festival.

Дејвидсон се пошегувал дека замислил како доаѓа во вилата на својата девојка каде што го видел раперот облечен како госпоѓа Даутфајр во филмот од 1993 година, во кој главниот лик го игра Робин Вилијамс.

Да потсетиме, Канје и Пит веќе извесно време се во конфликт. Откако Ким започна да се забавува со Пит, Канје Вест многупати јавно го навредуваше Дејвидсон, но и Ким Кардашијан, неговата сега официјално поранешна сопруга.

Слични содржини